Четирианестгодишната среднишколка од Лагос, Дуро-Аина Адебола изуми генератор кој произведува струја од урина.
– На ваква идеја дојдов кога на интернет видов дека едно петчлено семејство со затруло со јаглерод моноксид. Ми дојде идеја дека треба да користиме некои помалку штеттни гасови од нашата околина, изјави Адебола.
Во апаратот на Адебола преку процес на електролиза водородот се извлекува од урината, се прочистува и се префрла во генераторот, каде служи како гориво.
Според професорот на Адебола, Омотајо Факинледе, проектот има поголем број предности, а еден од нив е и еколошката.
Според него, овој евтин и одржлив процес за производтсво на струја би можел да ги реши проблемите се недостигот на електрична енергија во големите градови како Лагос, кој има 15 милиони жители.
Следниот чекор на Адебола е да најде инвеститор за нејзиниот проект, кој според, неа во иднина би може да ја „позелени“ Нигерија.