АНАЛИЗА: Сезонските вработувања во странство донесоа „главоболка“ за домашниот бизнис!

Од:

Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспорт и другите услужни дејности, градежништвото – ова се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места. Со оглед на тоа што официјалните статистики регистрираат зголемување на вработеноста, а намалување на неврабтеноста во текот на оваа економска година, познавачите коментираат дека на пазарот на труд се случува поврзување на понудата на работа сила со побарувачата, а во согласност со работните вештини, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.Сепак поради летниот период и сезонското вработување надвор од земјава, годинава во одделни сектори се забележа значителен недостаток на работна сила.

Се бараат шанкери, продавачи, градежници, келнери…

„Состојбата со немање работници во угостителскиот бизнис ова лето беше многу изразена. Ќе примиме работник – почетник, ќе го обучуваме со недели, редовно плаќаме и на крај дава отказ и ни вели дека ќе оди да работи во странство“, коментира менаџер во еден угостителски објект во центарот на Скопје. Објаснува дека келнер, кувар, шанкер, хигиеничарки, собари, годинава тешко се наоѓаат бидејќи ови занимања се многу барани во регионот, особено во Грција, Хрватска, Бугарија, Црна Гора.

Дека угостителскиот и услужниот сектор годинава “кубуреа“ со кадар покажуваат и податоците од Агенцијата за вработување. Така во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ се пријавени 481 работно место. Според борјот на работни места високо котираат трговијата, градежништвото, транспортот, преработувачката индустрија.

Најмалку слободни работни места има во секторот за снабдување со електрична енергија, дејностите со недвижен имот, снабдување со вода, а во секторот финансиски дејности и осигурување, кој високо котира според висината на просечната плата во однос на другите дејности, регистрирани се околу 50тина слободни работни места. На ниво на државата, на крајот од јули бројот на слободни работни места се движеше од околу 6 800 до 7 800.

„Aнализирано на подолгорочна основа, стапката на слободни работни места е релативно стабилна, што во услови на постојано намалување на стапката на невработеност, упатува на можно подобрување на процесот на поврзување на понудата со побарувачката на вештини на пазарот на трудот. Поволни се поместувањата и на страната на понудата на работна сила, така што во првиот квартал продолжи трендот на раст забележан уште од последниот квартал од 2016 година. Посилниот раст на побарувачката во однос на понудата на работна сила во првиот квартал од 2019 година доведе до натамошен пад на невработеноста“, се нотира во најновиот извештај на Народната банка посветен на економските движења во земјава а во кој се посочува дека по дејности највисока стапка на слободни работни места е забележана кај дејноста „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (2,7%), кај административните и помошни услужни дејности (2,6%), како и кај дејноста „транспорт и складирање“ (2,5%).

Според борјот на работни места по градови, на прво место е Скопје со 3 500 слободни работни места, потоа Тетово со 531, Штип 375, Кочани 313, Битола 283, Виница 259, Струмица 249, Куманово 193, Гевгелија 145, Охрид 144, Струга 124, Гостивар 43 итн, а во Крушево пак не е регистрирано ниту едно слободно работно место.

Анализирано по занимања, најбарани се продавачите, хигиеничари, шивачи, но и програмери.

Додека дел од секторите и занимањата се соочуваат со недостаток на работна сила, Агенцијата за вработување на крајот од јули годинава регистрираше 189 506 невработени од нив активни баратели на работа се 101 658 луѓе. Според бројот на невработени на првите места котираат Скопје со 17 834 невработени, Куманово со 11 853 и Тетово со 12 196 невработени лица. Според степенот на образование, во јуни без работа биле 21 доктор на науки, 719 магистри и 9 567 лица со завршен факултет. Од вкупниот број официјално пријавени невработени лица 52 795 се без обрзование или само со основно образование.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска