Кина „стравува“ од семоќниот Гугл

Од:

Незадоволна поради големата контрола која компанијата „Гугл“ ја има во Кина, Владата во Пекинг најави дека е многу можно во блиска иднина да креира свој оперативен систем.

Во соопштението испратено до медиумите, кинеските власти изразуваат загриженост поради моќта која компанијата „Гугл“ ја има на пазарот на смартфони, благодарејќи на доминацијата на својот оперативен систем Андроид.

Владата во Пекинг смета дека бројните системи во Кина, како приватните така и државните, се потпираат на Андроидот, оперативен систем врз кој Кина нема значајна моќ на контрола.

Поради тоа власта упати критики до Гугл дека дискриминира одделни кинески компании, не сакајќи со нив да ги дели своите кодови.

Во документот, исто така, се наведува дека доколку продолжи неповолната ситуација, Кина е подготвена да креира свој оперативен систем за мобилни телефони, кој ќе биде директна конкуренција на Андроид и Гугл.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски