Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика своите сили за безбедност да го подобрат однесувањето и да стават крај на случаите на измачувања и злодела врз Авганистанци.
Шефот на државата изјави денеска во Парламентот дека авганистанските сили ги нарушуваат правата на сопствениот народ, обвинение, кое тој досега го упатуваше само кон странски војници.
Според него, тој отпрвин не верувал на информациите дека „неговите сопствени сили за безбедност измачувале затвореници“.
Карзаи ги обвини и војниците од силите за специјални операции на САД и авганистанските сили за серија инциденти во провинцијата Вардак и побара специјалните единици да САД да се повлечат оттаму.
Американски претставници изјавија дека го истражуваат случајот.