Хуавеј во преговори со Русија околу оперативниот систем Аурора

Од:

Кинеската компанија Хуавеј започна преговори со Русија за инсталирање на рускиот оперативен систем Аурора на 360.000 таблети за спроведување попис на населението во Русија следната година.

Хуавеј почна да бара алтернативен оперативен систем за оперативниот систем на Гугл – Андроид, откако Вашингтон и се закани на кинеската компанија дека ќе и го одземе пристапот до клучните компоненти и технологии.

– Ова е пилот проект. Ние го гледаме како прво ниво за придвижување на рускиот оперативен систем на апаратите на Хуавеј, изјави извор од компанијата.

Друг извор нагласи дека Хуавеј е заинтересиран за проект со Русија, а на руската страна и се покажани таблети кои би можеле да се користат.

Портпарол на компанијата потврди дека Хуавеј преговара со руското Министерство за комуникации, но не откри повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот