Демонстранти вчера блокираа повеќе стотици либиски пратеници во зграда во Триполи, барајќи од нив да гласаат за законот кој го забранува политичкото ангажирање на поранешните соработници на поранешниот режим.
-Тие спречија пратениците да ја напуштат салата за состаноци, за да гласаат за предлог законот за политичката забрана – изјави пратеникот Мохаммед Баги.
Тој истакна дека членовите на Главниот национален конгрес едногласно одлучиле да го одложат гласањето за да се договорат за амандманите на законот.
Меѓутоа демонстрантите сакале законот вчера да биде изгласан.
Елена Георгиевска