Претседателот на Боливија, Ево Моралес, изјави денеска дека е отворен за меѓународна помош во борбата против пожарите на истокот на земјата, кои двојно се зголемија од четвртокот.
Моралес исто така ја прекина предизборната кампања за најмалку една недела, само два месеца пред изборите, за да се фокусира на справувањето со шумските пожари.
Пожарот опфати големи области шуми и савани во близина на границата на Боливија со Парагвај и Бразил.
Властите велат дека 3.800 квадратни километри се зафатени од пожарот.