На градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ беа доделени наградите за најдобрите натпреварувачи од ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“, а крушевчанецот Ставре Јада однесе две први и едно второ место.
Јада издвојува убедливи победи на трките на 10 и 12 километри, а Пејчиноски Дамјан и Даноска Михаела исто така издвојуваа изнанадувачки добри резултати на овој меѓународен натпревар.
Организаторот додели благодарници на сите поддржувачи, меѓу кои и општина Крушево, а претседавачот на Советот на општина Крушево Тома Петроски со свое кратко обраќање го затвори настанот, се заблагодари за успешната организација и ги покани учесниците наредната година повторно да се натпреваруваат во Крушево.