Пронајден напаѓачот на директорот на Бољшој

Од:

Руската полиција го уапси човекот осомничен за нападот со киселина на уметничкиот директор на Бољшој балетот и го претресла неговиот стан и станот на еден играч на Бољшој.

Уметничкиот директор на Бољшој Сергеј Филин се здоби со сериозни изгореници на очите и лицето кога непознат напаѓач во лицето му фрли сулфурна киселина додека се враќал дома на 17 јануари вечерта. Четириесетидвегодишниот поранешен танчер, сега е на лекување во Германија.

Руското Министерство за внатрешни работи наведе дека осомничениот е приведен и однесен на сослушување, но не го даде неговото име или други детали.

Полицијата, исто така, го претресе станот на солистот на Бољшој, Павел Дмитриченко, наведе министерството за внатрешни работи. Портпаролката на Бољшој Катерина Новикова рече дека управата не знае дека постои конфликт помеѓу Дмитриченко и Филин. Државната телевизија Канал Еден објави дека, сепак, девојката на Дмитиченко, исто така солист во Бољшој, имала расправија со Филин.

Новикова рече дека не знае дали осомничениот е на било каков начин поврзан со театарот. Таа изрази надеж дека денешното апсење ќе доведе до решавање на овој случај.

Филин рече, пред да замине од московската болница, дека знае кој го наредил нападот врз него, но не сакаше да го открие неговото име. Телевизијата Канал Еден денеска објави дека постои сомневање дека приведениот човек е посредник помеѓу организаторот на нападот и човекот кој фрлил киселина и дека може да открие кој е наредбодател на нападот.

Агенцијата Интерфакс јави дека осомничениот го возел напаѓачот до местото на нападот и од него.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја