Mercedes-Benz CLA блескаше на својата премиера

Од:

Нескротливиот – Тоа е описот за новиот Mercedes CLA, што денеска во Женева премиерно е прикажан на европски саем за автомобили.

Mercedes CLA е најаеродинамичен автомобил во светот меѓу автомобилите од сериско производство, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd=0,22.

Можни се две опции на шасија и суспензија: конфорна и спортска. Спортската суспензија значи намалување на конструкцијата на возилото за 20 мм напред и 15 мм позади.

CLA е достапен со новата генерација на 4MATIC, постојан погон на сите тркала, со променлива дистрибуција на вртежниот момент на тркалата и обезбедува голема влечна сила и исклучителна агилност и исклучително ниска потрошувачка на гориво.

Бензиснкиот мотор со зафатнина од 1.6 литри е во две верзии CLA 180 и CLA 200 со моќност од 122 кс и 156 кс, додека 2.0 литри моторот односно CLA 250 развива 211 кс.

Двата дизелски мотори: CLA 200 CDI е со моќност од 136 кс и вртежен момент од 300 Nm и CLA 220 CDI со 170 кс и вртежен момент од 350 Nm и импресивна потрошувачка на отворено од само 4,5 литри на 100 км, како и емисија од само 109 грама CО2 на изминат километар.

На саемот се прикажани и спортските модели како A 45 AMG со 360 кс и вртежен момент од 450 Nm, што произлегува од 2.0 литарски мотор, односно ова е најмоќнотовозилото во светот досега во компактната класа.

Потоа на штандот на Mercedes можеше да се види Mercedes CLS 63 AMG и моделот со 4MATIC, во кој е вграден 5.5 литри V8 битурбо мотор со 585 кс и неверојатен вртежен момент од 800 Nm, како и Mercedes-Benz SLS AMG Black Series со 631 кс, потоа Mercedes-Benz C 63 AMG Edition 507 кс, како и Mercedes-Benz E 63 AMG како S модел со 4MATIC, со 585 кс и 800 Nm.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ