Играчите на Борусија Дортмунд, вечерва против Шахтјор ќе имаат додатен мотив да се пласираат помеѓу осумте најдобри во Европа.
Челниците на клубот ветиле дека ќе му исплатат на секој играч по 50.000 евра, доколку ја поминат првата пречка во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Во првиот дуел во Доњецк, Дортмунд одигра нерешено со украинскиот шампион 2:2, и со тоа имаат одлична можност да се пласираат во четвртфиналето.