Креаторот на играта на Барселона, Андрес Иниеста убеден е дека неговиот тим може да ги надополни двата гола негатива од Милано, и дека во реваншот пред своите навивачи ќе изборат пласман во четвртфиналето.
Најверните фанови на Барса се загрижени поради лошите игри, и неколкуте порази во важни натпревари, но плејмејкерот на „каталонците“ е полн со оптимизам пред реванш дуелот со Милан.
Да потсетиме само дека Милан го доби првиот меч со 2:0, па играчите на Барса нема да имаат лесна работа да обезбедат четвртфинале, поготово со лошата форма на екипата.
Сепак ова ни малку не го загрижува Иниеста кој е сигурен дека ќе слават победа со повеќе од два гола разлика.
„Резултатот од првиот натпревар не е во наша полза, но сигурен сум дека ќе одиме понатаму. Можам да се кладам во тоа“ – изјави играчот.
Тој исто така смета дека критиките упатени кон неговата екипа, поради слабите резултати во последно време не се оправдани.
„Заслужуваме повеќе почитување. Во Примера сме недостижни и би сакал секоја сезона да одиме по овој пат“- заклучи Иниеста.