Комшиќ: Непочитувањето на законите е полошо од политичката криза

Од:

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ оцени дека политичката криза во земјата ја продуцираат оние кои со непочитување на законот и одлуките на институциите на БиХ сакаат да ги водат политичките процеси во државата.

– Тоа не е можно никаде, па ниту во БиХ. Ако ова што се случува сега може да се нарече најголема криза, тогаш се поставува прашањето како утре би можеле да ја наречеме ситуацијата во која се водат политички процеси надвор од почитувањето на законите и одлуките од институциите на државата БиХ. Тоа е полошо од „најголемата криза“, порача Комшиќ.

Тој нагласи дека нема да дозволи единствениот начин за излез од „најголемата криза“ да биде непочитување на законите и одлуките на институциите на БиХ.

– Политиките кои изразуваат таква ароганција мора да знаат дека помина времето кога поради мир во куќа, оттука од Сараево, се занемаруваа и законите и интересите на државата, изјави Комшиќ.

Членот на Претседателството на БиХ од Република Српска, Милорад Додик најави дека нема да гласа за Годишниот национален план. Запрашан дали тоа значи дека до следните избори во БиХ извршната и законадавната власт ќе останат „заковани“, Комшиќ изрази надеж дека „Додиќ нема и понатаму да го жртвува својот кандидат за мандатар, само за да може со непочитување на законите и одлуките на институциите на БиХ, како и на меѓународно преземените обврски, да го блокира формирањето на власт“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски