Вучиќ: Српската влада ќе се реконструира и се очекуваат предвремени избори

Од:

Во Србија ќе бидат заменети четворица одговорни за аферата „млеко“, соопшти денеска потпредсетателот на српската влада, Александар Вучиќ. Тој најави и дека од 15-ти март ќе разговараат со коалиционите партнери за реконструкција на владата, а после одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ ќе се одлучи за распишување на избори.

Како непосредно одговорни за аферата „млеко“, ќе бидат сменети директорите на Управата за заштита и Управата за ветеринарство, како и началниците на Отсекот за здравје и карантин на билки и на Одделението на фитосанитарната инспекција за безбедност на храна.

Вучиќ истакна дека постои подготвеност во најкраток можен рок да се разговара и за неговата работа, како и за работата на останатите министри, додавајќи дека министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ ја понудил својата оставка заради случајот со зголемениот процент на афлатоксин во млекото.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ