Тренерот на Шахтјор, романскиот фудбалски стручњак Мирчеа Луческу негативно се изјасни по одлуката на УЕФА за воведување дополнителни судии на гол-аут линиите.
– Никогаш не сум видел судијата зад голот да донесе исправна одлука. Тие луѓе не се потребни и без нив може да се одигра регуларен натпревар. На натпреварот со Јувентус во групната фазата пред нив се случи чист пенал за мојата екипа, но ништо не видоа и не раегираа. Тоа му го кажав и на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, изјави Луческу во пресрет на вечерашниот натпреварот од ЛШ на неговата екипа против Борусија во Дортмунд.
Според него, Платини погрешил што наместо технологијата, вовел човечки фактор (плус двајца судии) на крајните линии од фудбалските терени.
УЕФА судиите на гол-аут линиите ги воведе поради поголема регуларност со посебен акцент на правилна проценка при сомнителни ситуации кога има дилеми дали топката ја поминала гол линијата или не.
Ваквите појави се очекува да се надминат веќе од следното Светско првенство во Бразил 2014 година кога ќе се вовед технологија со магнетни полиња за сигнализација дали е постигнат гол или не.