Најмалку 15 терористи се убиени синоќа во жестоки борби меѓу француски и чадски војници и исламистички борци во североисточниот дел на Мали, објави денеска францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан во интервју за Ер-Ем-Си/Би-Еф-Ем Те-Ве.
Според француското министерство за одбрана неколку десетици исламистички борци се убиени во изминатите неколку дена во планинската зона Адрар лез Ифогас, каде во саботата загина третиот француски војник.