Петнаесет годишниот Џек Андрака од Мериленд бил заинтересиран за ракот на панкреас, откако негов близок пријател починал од оваа болест.
Барајќи на интернет открил дека кај лицата кои имаат рак на панкреас им е зголемено нивото на протеин, под името месотелин. Тинејџерот развил едноставен хартиен сензор кој може да открие месотелин во капка крв или урина, со што стана познат во САД како „научна рок-ѕвезда“.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го повикал момчето да учествува на состанокот за глобални иницијативи, а добил покана и од Белата куќа да присуствува на говорот на актуелниот шеф на државата Барак Обама за состојбата на нацијата.