Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одржи избори неколку денови по Брегзит доколку пратениците ја соборат неговата влада, изгласувајќи и недоверба, објави денеска весникот Фајненшл Тајмс (ФТ), повикувајќи се на анонимни високи советници на британскиот премиер.
Весникот пишува дека советниците на премиерот очекуваат дека тој ќе се соочи со гласање недоверба многу брзо откако Парламентот ќе се врати од летниот одмор.
– Ние не можеме да спречиме да не принудат на нови избори, но ја контролираме временската рамка за да закажеме датум на избори по 31 октомври. Доколку мора да има парламентарни избори, тие ќе се одржат неколку денови по 31 октомври, истакнал висок претставник на Даунинг Стрит.
Друг близок советник на Џонсон не негирал дека избори ќе се одржат во првите неколку денови од ноември, наведува