Бројот на гета, концентранциони логори и фабрики на смртта, за време на Хитлеровиот режим од 1933 до 1945 година во Европа бил многу поголем отколку што досега се сметало, односно 42.500, објави Њујорк тајмс најнови резултати од истражување на Американскиот меморијален музеј на холокаустот.
Се работи за бројка која е значително повисока од онаа која е проценка на бројни историчари.
Директорот на Германскиот историски институт Хартмут Бергхоф вели дека бројката е запрепастувачка.
– И претходно знаевме дека животот во логорите и гетата бил ужасен, но овие бројки се неверојатни, вели тој.
Документираните локации вклучуваат не само „центри за ликвидација“ туку и илјадници логори каде се произведувала воена опрема, логори за воени заробеници, центри за „помош“ каде биле заробувани бремени жени кои биле присилувани да абортираат или бебињата им биле убивани по раѓањето и бордели во кои жени и девојчиња биле присилувани на сексуални односи со германски војници.
Шефовите на проектот Џефри Мегарги и Мартин Дин проценуваат дека во тие логори и гета животот го загубиле меѓу 15 и 20 милиони луѓе. Своите истражувања ги документирале во енциклопедија од седум тонови, а Музејот на холокаустот ги објави првите два тома. До 2025 година се очекува објавување на уште пет томови.