Во Камчатка загинаа тројца алпинисти

Од:

Тројца алпинисти, меѓу кои две девојки, загинаа, а еден е повреден на рускиот далекуисточен полуостров Камчатка во реонот Авачинскиот вулкан, пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС.

Повредениот алпинист е пронајден жив и лекарите му пружаат помош, додека безживотните тела на загинатите се префрлени во Петропавловск во Камчатка.

Како што и е речено на руската агенција во провинциската управа на Министерството за вонредни ситуации, околности за несреќата се утврдуваат.

Претставникот на локалните власти Сергеј Хабаров рече дека се погинати две девојки и едно момче и дека биле во тој реон со група од 20 луѓе.

Според неговите зборови, тие утринава, отишле да го побараат другарот кој се одалечил од кампот, кого го нашле, но поради силната бура не можеле да се вратат.
Нивните безживотни тела ги пронашле спасувачите.

Сите загинати биле искусни алпинисти, кои повеќе години се бавеле со тој спорт во алпскиот клуб од Камчатка,”Кут”.

На туристичките компании им било препорачано, поради неповолното време и предупредувањето за бура да не одат во планините.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја