Bentley Continental Flying Spur ќе биде претставен на јавноста на салонот во Женева кој почнува на 7. март.
Тој ќе поседува 6-литарски битурбо W12 мотор кој располага со 625 коњски сили и 800Nm вртежни моменти на 2,000 вртежи во минута, а преносот на силата се врши преку 8-степениот “ZF” автоматски менувач.
Новиот автомобил е за 14% полесен од истоимениот претходник, а огромната лимузина забрзува од 0 до 100 км/ч за неверојатни 4,3 секунди и максималната брзина изнесува 322 км/ч.
Просечната потрошувачка на горивото изнесува 14,7 литри.