Откажан штрајкот на аеродромот Хитроу

Од:

Штрајкот на лондонскиот аеродром Хитроу, кој е најавен за денеска, е откажан, а разговорите за надминување на спорот во врска со платите ќе продолжат утре.

Околу 2.500 работници на аеродромот најавија штрајк, откако најголемиот британски синдикат Јунајт ја одби понудата на раководството на Хитроу, а откажани се 177 летови.

Речиси 4.000 членови на синдикатот Јунајт, вклучувајќи ги инженерите, пожарникарите и припадниците на обезбедувањето, гласале за изменет предлог договор, а од нив 88 отсто се изјасниле за штрајк.

Бритиш Ервејс соопшти дека денеска повторно нема да воспоставува летови, додека некои други компании планираат да го почитуваат распоредот на летови.

Хитроу објави дека барањето на цработените подразбира зголемување на платите од 7,3 отсто во период од две и пол години.