Истражување: Женскиот мозок е помал, но поефикасен од машкиот

Од:

Жените можеби имаат помал мозок, но тој е поефикасен од мозокот на мажот, открива ново истражување.

Научниците долго ги интригираше како жените можат да бидат исто толку интелегентни како и мажите иако нивниот мозок е за осум отсто помал.

Во студијата на истражувачите на Универзитетот во Лос Анџелес и Мадрид, чии резултати се објавени во списанието „Intelligence“, се истакнува дека во случајот на жените, големината на мозокот не е битна, бидејќи тој орган кај нив едноставно подобро функционира.

Во текот на истражувањето, научниците извеле серија тестови на интелегенција врз мажи и жени.

Наспроти фактот дека имаат помал мозок, жените биле поуспешни во индуктивното размислување и одделни нумерички тестови. Исто така биле подобри во следењето на променливи ситуации, додека мажите имале подобри резултати на полето на просторната интелегенција.

Истражувачите заклучиле дека женскиот мозок е способен да сработи, па дури и брилијантно да изврши компликувани задачи и тоа со помалку енергија и помалку неврони.

– Жените покажале поголема ефикасност со користење на помал невронски материјал, се истакнува во студијата на американски и шпански научници.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека големината на мозокот не е битна кога се жените во прашање, вели Тревор Робинс, професот по когнитивна неуронаука на Универзитетот Кембриџ.

– Помалиот обем би можел да значи подобро „спакувани“ нервни клетки или меѓусебно поактивно пренесување на сигнал, изјави Робинс.

МИА

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он