Кошаркарската репрезентација на Канада остана без својата најголема ѕвезда пред настапот на Светското првенство во Кина.
Имено, играчот на Њујорк Никс, РЈ Барет го откажал настапот поради повреда на мускулите и сака целосно да се посвети на опоравувањето пред стартот на својата прва НБА сезона.
Барет е избран како трет пик од страна на Никси и важи за еден од најталентираните кошаркари на новата генерација, а тоа го докажал преку успесите кои ги постигнал во младинските категории.
И покрај тоа што нема да биде на СП во Кина, неговара репрезентација сепак има одличен тим, во кој се наоѓа Џамал Мареј, Тристан Томпсон, Кајл Витлер. Канада, на СП во Кина е во група со Сенегал, Литванија и Австралија.