Истражувањето на американски научници покажува дека ширењето на вирусот на грип е отежнато во простори во кои концентрацијата на влага е поголема од 43 проценти.
Според досега спроведените експерименти, во такви услови во затворени простори е спречено ширењето на 86 проценти на вирусот на грип.
Резултатите на истражувачите од Центарот за контрола и превенција на болести го објави стручното списание „ПЛОС оне“.
Дури 77 проценти од вирусот на грип успевало да се прошири ако концентрацијата на влага во воздухот била околу 23 проценти или помалку.
Научниците напоменуваат дека зголемената концентрација на влага во воздухот доведувала до отежнато ширење на вирусот на грип во рок од 15 минути.