Путин и Обама договорија тесна соработка за „жешки светски теми“

Од:

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама, се договорија тесно да соработуваат во врска со „жешки светски теми“ поврзани со Сирија, блискоисточната криза, иранското и севернкорејското нуклеарно прашање и плановите во областа на противракетната одбрана.

Како што соопшти Кремљ по телефонскиот разговор на лидерите на двете земји, Путин во контекст на сириската криза укажа на неопходноста на поскоро прекинување на борбените дејствија.

Претседателите на двете земји наложија на министрите за надворешни работи Сергеј Лавров и Џон Кери да продолжат со активните контакти, ориентирајќи се на изработка можни иницијативи насочени кон политичко решавање на кризи.

Детално се разгледани прашања на билатерална соработка, како и повеќе актуелни меѓународни проблеми.

Истакнато е принципиелното значење на соработка на Русија и САД заради обезбедување стабилност во светот.

Во соопштението се наведува дека е изразена подготвеност активно да се работи на развојот на заемно корисна билатерална соработка во сите области, а дека рускиот претседател насочил особено внимание кон важноста за јакнење на трговско-економски врски, чие ниво „не одговара на потенцијалот“.

– Путин и Обама беа единствени во стремежот да се избегнуваат чекори кои можат негативно да се одразат на билатералните односи, наведе Кремљ.

Путин го потврдил повикот на Обама да дојде во официјална посета на Русија, а договорено е претседателите на двете земји да се сретнат за време на самитот на Г-8 во Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја