НЛО ентузијасти тврдат дека метеорот кој експлодираше над Урал пред две недели, постои можност да е соборен со летечки објект, кој предизвика експлозија и распаѓање.
Теоријата е базирана на анализи со заматени снимки додека метеорот поминува над небото над Чељабински.
Тие веруваат во неа и инсистираат дека на снимките се гледа мал објект кој удира во метеорот. Тоа за нив е доказ дека „малите зелени“ не спасиле од сигурна пропаст.
Метеорот ескплодираше во атмосферата на 15-ти февруари, со силина која е еднаква на 30 активирани нукларни бомби.
-Првин верувавме дека меторот над Чељабиски е обично космичко тело. Но, барем на три снимки се гледа дека еден објект му го пресекува патот. На многу снимки направени од различни агли видлиов е дека нешто го разнесе тој метеор – изјави координаторот на Руската НЛО заедница во Јекатеринбург, Александар Команев.
Тој тврди дека неколку недели пред падот на метеорот, повеќе луѓето од областа на Урал забележале НЛО.
Елена Георгиевска