Брус Рејнолдс, организатор на 2,6 милиони фунти тешкиот грабеж на воз во 1963 година, почина во 81-та година од животот. Уапсен е во 1968 година по неговото враќање во Англија и помина девет години затвор, а веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Ник.
Тој рече дека Брус починал во сон. Почина само неколку месеци пред педесетгодишнината од најпознатиот и во тоа време најголемиот грабеж некогаш изведен во Велика Британија.
Големиот грабеж на воз, најпознат во историјата на Велика Британија, се случи на 8 Август 1963 година на железничкиот мост во Бакингхемшир. Рејнолдс и неговите 16 соработници направија заседа и го ограбија поштенскиот воз, кој превезувал 2,6 милиони фунти.