Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи, побара да ја преземе контролата врз нелегалните авганистански вооружени групи, кои се поврзани со меѓународните сили, предводени од САД, на одгласите за поплаки на локалното население од нивните злодела, пренесоа американските медиуми.
Во соопштение на претседателската канцеларија се наведува дека Карзаи на специјална делегација и наредил да ги идентификува сите вооружени формации, кои дејствуваат заедно со коалициските сили и оперираат независно од владата.
Претседателот на силите на НАТО им дал рок од три месеца да му ја префрлат командата врз овие формации.
Портпаролот на претседателот појасни дека наредбата не се однесува на Авганистанската локална полиција, која дава единици за одбрана на населбите под контрола на Министерството за внатрешни работи.
Според портпаролот, Карзаи ги има предвид „паралелните структури“, создадени од американските сили за специјални операции, ЦИА и други воени институции.
Авганистанци од немирната провинција Вардак се жалеа од малтретирања, незаконски апсења и други нарушувања на законот, извршувани од паралелните формации.