Анкета: Русија со Путин повторно е голема сила

Од:

Една година откако Владимир Путин го освои третиот претседателски мандат поголемиот број Руси оценуваат дека направил повеќе добри отколку лоши работи за својата земја, покажуваат резултатите од истражувањето на социолошкиот центар „Левада“.

Анкетата покажува дека 65 проценти од испитаниците изјавиле дека претседателот Путин главно направил добри работи за Русија, а 18 отсто не се согласуваат со тоа. За голема заслуга на Путин се наведува дека успеал „да и го врати на Русија статусот на голема сила, почитувана држава“ (36 проценти).

– Тоа е резултат на пропаганда. Надвор од секојдневните проблеми луѓето се потпираат на тоа што го гледаат на телевизија, изјави директорот на „Левада“, Лев Гудков.

На прашањето дали Путин ги исполнува предизборните ветувања, позитивно се изјасниле 47 проценти од испитаниците, негативно – 36, додека само осум проценти се сигурни дека  е така.

– Луѓето не памтат јасно што ветил Владимир Путин. Затоа на ваквите прашања одговараат врз основа на сопственото мислење, посочи Гудков.

Како втора најпопуларна заслуга на Путин (28 проценти) се истакнува зголемувањето на платите, пензиите и помошта.

Само 11 отсто од Русите изјавиле дека претседателот придонел за „зајакнување на редот и законот“, додека 25 проценти изјавиле дека во Русија нема ред.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети