Chevrolet го претстави Turbo Camaro Coupe на авто саемот во Чикаго, за да го промовира новиот анимиран филм на DreamWorks наречен Turbo, кој ќе започне со прикажување во кино салите на 19-ти Јули.
Промотивното возило е базирано на Camaro ZL1 и се одликува со специјален преден сплитер, како и огромен заден спојлер.
На него се наоѓа V8 агрегат со компресор што произведува над 700 кс, поврзан со автоматски менувач.
Автомобилот е опремен со 24-инчни тркала и четири издувни цевки со дијаметар од пет инчи.