Вонредниот состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е закажан за 10 јули на барање на САД, и на него се предвидува разгледување на почитувањето на меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, објави агенцијата на ОН.
Одборот на гувернери на МААЕ, со седиште во Виена, ќе одржи состанок в среда попладне.
„САД, кои излегоа од договорот постигнат во 2015 година, повикаа на вонреден состанок, бидејќи Иран неодамна ја надминал дозволеното ограничување на залихите на збогатен ураниум”, соопшти МААЕ која е задолжена за надгледување на спроведувањето на договорот.