Во Академијата за Оскарите ќе има 50 отсто жени членки

Од:

Американската академија за филмска уметност и наука, која е задолжена за престижните награди „Оскар“, редовно е критикувана поради тоа што мажите во комисијата се огромно мнозинство во однос на жените. Поради тоа, во новото соопштение, оваа културна институција објави список од 842 имиња поканети да ѝ се приклучат, од коишто 50 отсто се жени, а 20 проценти се припадници на малцинствата.

Меѓу поканетите се и Лејди Гага, Жан-Луј Трентињан и Жозијан Баласко. Ова е првпат во историјата на Академијата жирито да се состои од 50 отсто жени. Лани, тие тука беа застапени со 49 отсто.

На списокот, инаку се и имињата на Стерлинг К. Браун, Винстон Дјук и Летисија Рајт. Се очекува дека сите поканети кандидати ќе го прифатат членството.

Академијата последниве години постојано ја критикуваат и поради „елитизмот и недостатокот од расна и етничка разновидност“, како и други работи. Затоа, оваа институција направи некои промени и внесе новитети, меѓу кои и поместувањето на датумот на доделувањето на „Оскарите“, како и скратување на свеченоста за којашто многумина сметаа дека трае предолго.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка