Осама бин Ладен користел материјали на „Викиликс“

Од:

Американска обвинителка има намера да докаже дека некогашниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, користел материјали од вебсајтот на „Викиликс“, соопштува британскиот весник „Гардиан“.

Обвинението во предметот против информаторот на „Викиликс“, Бредли Манинг, планира набрзо да повика анонимен сведок, кој учествувал во акцијата на убиството на Бин Ладен во Пакистан и кој во скривалиштето на поранешниот најбаран терорист нашол шифрирани пораки што биле соддржани во материјали на „Викиликс“.

Според обвинителството, тоа покажува дека Бин Ладен ги користел материјалите на „Викиликс“, што, од своја страна, дава дополнителни докази за главната теза на обвинението – дека Манинг му помагал на непријателот.

Манинг, кој работел како аналитичар на американското воено разузнавање во Ирак, е обвинет дека на „Викиликс“ му давал доверливи документи на Пентагон и Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младите Американци масовно го споделуваат писмото на Бин Ладен, тврдејќи дека тоа им ги отворило очите

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

ВИДЕО: Денот кога светот застана – 19 години од уривањето на кулите близначки во Њујорк

Ана Ололовска

Човекот кој го уби Бин Ладен, доби забрана за летање

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова