Секретарка за државна безбедност: Ал Каеда и понатаму се заканува на САД

Од:

Американската секретарка за државна безбедност, Џенет Наполитано вчера изјави дека САД и понатаму се соочува со закани од Ал Каеда и други терористички групи во светот, но и од поединци во самата држава кои се подготвени да извршат напад врз американските граѓани.

Наполитанова истакна дека е направено многу за да се заштитат Американците од напад, сличен на оној од 11-ти септември 2001 година, но потсети дека тоа не значи дека опасноста од тероризмот поминала.

-И понатаму најзагрозени се авиокомпаниите и на нив ќе им пружиме поддршка за да ги заштитеме и ќе соработуваме со цивилните воздухопловни власти- изјави таа.

Според нејзините зборови потребно е да се работи превентивно, што значи поголема проверка на патниците пред да влезат во авионот, но и соработка со другите држави.

На американската листа за лица на кои што им е забрането да летаат од или низ САД според најновите податоци се наоѓаат околу 10 илјади.

Секретарката за државна безбедност ја нагласи и опасноста од сајбер тероризмот, дека без физичко ангажирање на луѓе може да се предизвикаат опасни терористички напади.

Секретаријатот за безбедност во САД, е основан по терористичкиот напад во 2001 година и ја обединува работата на повеќе агенции и служби кои што се задолжени за борба против тероризмот.

До основањето дошло бидејќи е откриено дека поради пописот и несоработката помеѓу службите, терористите успеале да влезат во САД и повеќе месеци да го подготвуваат нападот кој што го изведоа во септември 2001 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија