Силва: Загубата на Нејмар не мотивира повеќе

Од:

Дефанзивецот на ПСЖ и Бразил, Тиаго Силва изјави дека загубата на капитенот Нејмар донела дополнителна мотивација во нивниот национален тим.

Во полуфиналето на Копа Америка, „селесао“ ќе спори со Аргентина.

– Против Аргентина секогаш е тешко да се игра. Ќе напаѓаме и ќе се браниме, кога Аргентинците ќе тргнат напред, бидејќи секоја грешка може да не чини победа. Особено кога топката е во нозете на Меси. Се надевам дека ќе ја покажеме својата игра и ќе бидеме наградени за тоа, прокоментира Силва.

Во однос на повредата на Нејмар, неговиот соиграч во ПСЖ вели дека таа дошла како изненадување за сите во тимот, но смета дека Бразил успеал да ја надомести неговата загуба.

– Да, повредата на Нејмар го помрачи нашето претставување во турнирот. Таа сепак ни даде и повеќе мотивација, за да продолжиме со настапот на добро ниво, рече уште дефанзивецот.

Би можело да ве интересира

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) По натпреварот, играчите на Уругвај тргнаа да се пресметаат со публиката

Горан Наумовски

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска