Фолната киселина во превенција од аутизам

Од:

Новите наоди на норвешките научници потврдуваат дека пренаталното внесување на фолна киселина е поврзано со намалениот ризик за појава на аутизам.

Истражувачите од Институтот за јавно здравје во Осло собрале податоци за околу 85.000 деца родени во Норвешка и пресметале како внесот на фолна киселина во бременоста е поврзан со 39 отсто помал ризик од аутизам кај децата.

Децата биле следени до просечна возраст од 6,5 години.

hrana-76

„Journal of the American Medical Association“ додава дека најголемо намалување од ризикот од аутизам е забележано ако мајките почнале да земаат фолна киселина и пред зачнувањето.

Во некои земји фолната киселина веќе редовно се додава во брашното.

Претходните студии веќе покажаа дека земањето фолна киселина во бременоста е поврзано со помал ризик за невроразвојни дефекти кај новороденчињата.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он