Лекарите го отпишаа, но тој сепак прогледа

Од:

Пол Хил (46) почна да го губи видот пред десет години кога дегеративната болест почнала да влијае на неговото лево око, а потоа се проширила.

И покрај бројните обиди на лекарите да го сочуваат видот, тој сепак ослепе мината година.

– Лекарите ми рекоа дека е готово, не постоеше ништо што би можело да влијае и дека ќе останам слеп. Ова беше голем голем шок за мене, рече Хил и додаде дека веќе долго време гледал замаглено.

Пол, инаку татко на две девојчиња, кој работел во дигитален маркетинг, одби да бара помош од пријателите и да се откаже од работата и наместо тоа научил секој ден внимателно да вози велосипед до фирмата.

За жал, набрзо се соочил со уште еден шок- прогласен е за технолошки вишок.

И кога мислел дека веќе нама надеж, се случило чудо и неговиот вид почнал да се менува.

– Мојот вид почна да се менува на подобро и тогаш во целост се врати. Лекарот беше збунет, остана без зборови. Медицинската сестра само рече  дека тоа е чудо, раскажа Хил.

Тој мисли дека годините помогнале состојбата да му се подобри, затоа што оваа болест главно потешко ги погодува повозрасните.

– После ужасно тешки години можам да речам дека буквално гледам светло на крајот на тунелот, рече овој среќен човек.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он