Научниците од федералниот Универзитет Урал го пронајдоа до сега најголемиот дел од метеорот кој на 15-ти февруари падна во регионот Чељабинск, ијзави шефот на експедицијата Виктор Гороковски.
Делот од метеорот е тежок повеќе од еден килограм, а го пронајде експедиција која на скии поминала повеќе од 50 километри.
Освен овој дел, до сега се пронајдени стотици мали парчиња.
По експлозијата на метеорот вкупно 1.500 лица беа повредени во руските региони Тјумен, Курган, Јекатеринбург и Чељабинск.
Од министерството за внатрешни работи соопштија дека метеорот се распаднал на седум дела, од кои еден можеби и најголемиот завршил во заледеното езеро Чебаркуљ, каде што направил рупа со пречник од осум метри.
Елена Георгиевска