„Комерсант“: Русија и САД открија начин за повторно почнување на преговорите за ПРО

Од:

Русија и САД најверојатно открија начин да ги придвижат од мртва точка преговорите за противракетната одбрана (ПРО), пишува весникот „Комерсант“.

Според рускиот дневен весник, можен е пробив во преговорите доколку двајцата претседатели си разменат политички декларации, што ќе го потврдат стремежот на Руската федерација и на САД за соработка во сферата на ПРО и да не ги употребуваат еден против друг своите потенцијали.

Според податоците на „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на денешна средба во Берлин, за ова прашање допрва треба да разговара со новиот државен секретар на САД Џон Кери.

Во интерес и на двете земји ќе е да се спогодат, коментира рускиот политиколог Виктор Кременјук.

-Американците сфаќаат ако создадат своја ПРО, без наше одобрение, дека ние ќе најдеме начини да им наштетиме, создавајќи услови што може доста да го обезвреднат нивниот систем. Од наша страна, исто така, има разбирање дека е неопходен компромис, објаснува тој.

Според весникот, станува збор за таканаречени извршни спогодби, што, меѓутоа, не се ратификуваат од американскиот Сенат и ја одразуваат само волјата на претседателот, кој ги потпишува.

-Ако по Обама на власт во САД дојдат републиканците, тие може и да ги поништат соодветните спогодби, предупредува воениот експерт Евгениј Бужински.

Обама може на Москва да и направи отстапки во име на своите идеи за натамошно кастрење на нуклеарните потенцијали, но „за републиканците ПРО е религија“ и тие тешко дека ќе го следат примерот на денешнио претседател, истакнува рускиот набљудувач.

Во 2015 година Русија може во Средоземно море, за постојано, да испрати група бродови, изградена според моделот на советската Петта Средиземноморска оперативна ескадра, пишува „Независимаја газета“.

Разместена во истата акваторија во 1967 година, советската ескадра била создадена за да и одгвоори на „ракетно-нуклеарната закана од страна на атомските подморници на САД“ во Средоземјето, посочува адмирал Игор Касатонов, поранешен командант на руската Црноморска флота.

Се смета дека нејзиното создавање во 1967 година го спречи учеството на Шестата флота на САД во Шестдневната војна на страната на Израел против Сирија и Египет.

Ескадрата беше расформирана на 31 декември 1992 година, веднаш по распадот на Советскиот сојуз, забележува весникот, цитиран од Би-Би-Си.

Бројот на воени и други закани кон овој регион значително е нараснат од советско време наваму, изјави поранешниот командант на Црноморската флота на Русија, адмирал Владимир Комоедов, кој денеска го предводи комитетот за одбрана во Државната дума.

-Блискиот исток и северна Африка се претвораат во зона на постојани воени конфликти. Американците се подготвуваат во Средоземно море да го разместат својот нов систем за ПРО, што ќе и се заканува на Русија. При таква состојба природно треба да создаваме нови военопоморски групи за да им одговараме на овие закани, појаснува адмиралот.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја