Валид ал-Муалем: Подготвени сме да преговараме со вооружените групи

Од:

Сириските власти испратија денес важна порака преку министерот за надворешни работи – порачано е дека се подготвени “со сите оние кои сакаат дијалог” па и со “вооружените групи”. Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем, потврди дека владата е подготвена за преговори со вооружената опозиција со цел да се запре насилството што се случува ширум земјата.

“Подготвени сме за дијалог со сите кои го сакаат тоа”, изјави Муалем во Москва непосредно пред средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

“Ние сме подготвени да преговараме дури и со оние кои носат оружје – убедени сме дека со крвопролевање не може да се дојде до реформи, само преку дијалог”, нагласи сирискиот Министер за надворешни работи.

lavrov-siriska-opozicija

 

Сергеј Лавров ја поддржа оваа одлука на Дамаск и истакна дека Москва не поддржува ниедна специфична група во Сирија, туку дека Русија само се грижи за “иднината на сирискиот народ”.

Сирискиот Министер за надворешни работи Валид ал-Муалем и рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес (25/02/2013) во Москва.

Ова е важен чекор бидејќи и покрај фактот што сириската влада претходно истакна на подготвеноста за покренување дијалог, се до сега експлицитно се споменуваше дека нема да има преговори со вооружените елементи на опозицијата.

Ова може да се толкува како голема отстапка – фактот дека пораката се испраќа од Москва укажува на тоа дека ова е чекор во кој, иако тие можеби не го признаваат тоа, инсистирала и Русија. Од друга страна, веќе некое време опозицијата упорно тврди дека нема да започне дијалог, се додека на функција е претседателот Башар ал-Асад. Можеби после оваа голема отстапка ќе дојде до реално попуштање од нивна страна.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ