Ентони Дејвис заминува во Лејкерси

Од:

Њу Орлеанс Пеликанс постигнаа договор да ја разменат нивната ѕвезда Ентони Дејвис за тројца играчи на Лос Анџелес Лејкерс и три пика од првите рунди на следните драфтови.

Како што јави ЕСПН, од Лејкерси во Њу Орлеанс заминуваат Лонзо Бол, Брендон Инграм и Џош Харт и три пика од првата рунда во следните драфтови, вклучувајќи го и бројот четири на годинашниот драфт.

Со последната размена, Леброн Џејмс ќе добие силно засилување во Лејкерси во следната сезона со што овој тим станува еден од најсериозните кандидати за шампионската титула на НБА.

Најавено е дека наскоро ќе биде официјализиран договорот околу доаѓањето во Лос Анџелес на Дејвис, кој минатата сезона одигра 56 меча, со просек од 26 поени и 12 скокови по натпревар, а во НБА кариерата има просек од 20,6 поени и 10,5 скока по натпревар.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он