„Инстаграм“ ја предупреди Мадона за нејзините фотографии

Од:

Апликацијата „Инстраграм“ се закани на Мадона дека ќе го затвори нејзиниот профил, бидејќи според нив пејачката не ги почитува претставките на заедницата, известува Гардијан.

Мадона го објави писмото  на „Инстаграм“ без коментар за содржината.

„Ве замолуваме: да не споделивате фотографии кои не се ваши и да не споделувате фотографии на кои има голотија или содржина за возрасни.“ , стои во писмото.

Тие додаваат и две други правила, поточно „фотографии со нелегална содржина“ и „фотографии кои напаѓаат индивидуа или група“. Не е јасно која фотографија на Мадона го провоцирала тимот на „Инстаграм“.

madona-instagram

Откако го отвори својот профил во ноември, пејачката закачила само 19 фотографии. Повеќето од нив едвај се контаверзни: фотографии од усните на Мадона, слика од коњ, поклон од нејзината ќерка и слично. Но,  на една фотографија ѕирка нејзиното деколте, а на  друга нејзиниот задник е во преден план. Покрај тоа, има споделено фотографии од слика на Фрида Кало.

Мадона не одговорила директно на писмото, туку оставила нејзините следбеници на „Инстраграм“, над 150 илјади, да коментираат.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски