„Твитер“ избриша речиси 4 800 сомнителни налози поврзани со Иран

Од:

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека избришала речиси 4.800 сомнителни налози. Станува збор за налози за кои постои сомнеж дека се поврзани со властите во Иран и кои служеле за промовирање на иранските државни интереси.

Твитер информира дека овие налози ќе бидат префрлени во јавната база на податоци што социјалната мрежа ја покрена лани за борба против дезинформациите.

Во базата покрај најновите, се наоѓаат и претходно избришани налози поврзани со Русија, Венецуела и шпанската област Каталонија.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он