Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот против пушењето на јавни места во земјата, кој ќе стапи во сила од јуни оваа година, соопшти денеска Кремљ.
Федералниот закон е усвоен на почетокот на овој месец, а со него во руското законодавство се интегрираат барањата на рамковната конвенција на Светската здравствена организација за борба против пушењето, која е ратификувана од Русија во 2008 година, се наведува во соопштението.
Со новиот акт се регулира „заштита на здравјето од влијанието на чадот од цигарите врз околината и од последиците со нивната употреба“.
Законот им забранува на тутунските компании да организираат лотарии и да спонзорираат манифестации. Освен тоа, кутиите со цигари повеќе нема да бидат изложени на излози и штандови, туку таму ќе се наоѓаат само ценовници на овие производи. Забраната, исто така, важи и за електронските цигари и за тутунот за жвакање.