Вкупно 280 милиони деца во светот денес живеат подобро отколку пред 20 години

Од:

Меѓународната организација за заштита на децата „Спасете ги децата” соопшти дека најмалку 280 милиони деца во светот денес имаат подобри шанси да растат здраво, во безбедна средина и да добијат образование, отколку што било случај во кој било момент во изминатите две децении.

Во новиот глобален детски извештај кој го објави организацијата во пресрет на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, 176 земји беа рангирани врз основа на „Индексот на прекинато детство“.

Индексот на прекинато детство проценува колку деца во одредена заедница се загрозени од фактори како што се лошо здравје, неухранетост, исклучување од образованието, детски труд, малолетнички бракови, малолетничка бременост и екстремно насилство.

Проценките се дека во 2000 година, 970 милиони деца „останале без детство” поради настани кои им го промениле животот. Тој број сега е намален на 690 милиони, што значи дека 280 милиони деца ширум светот имаат подобар живот, а во 173 од 176 земји низ светот, ситуацијата во која живеат децата е подобра отколку што беше пред две децении.

Македонија е на 69-то место, додека од земјите од регионот – Србија е на 46, Црна Гора на 50, БиХ на 38 место. Словенија е на трето место заедно со Норвешка, Хрватска е на 29 позиција, а Албанија е на 61-то место според „Индексот на прекинато детство“.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ