Брејк на Торонто во петтиот дуел од финалната серија со Милвоки

Од:

Кошаркарите на Торонто се наоѓаат на чекор до големото финале од НБА-лигата, откако ноќеска славеа триумф на теренот на Милвоки со 105:99.

Во петтиот меч од финалето во Источната конференција, предводник до победата на „рептрос“ беше Кавај Ленард со 35 поени, девет асистенции и седум скока.

Кај Милвоки најмногу поени постигна Јанис Адетокумбо – 24, надополнети со по шест асистенции и скокови.

Моменталниот резултат во серијата прв до четири победи е 3-2 за канадскиот тим.

Првата шанса за пласман во големото финале Торонто ќе ја има на 26 мај за кога е закажан шестиот натпревар.

Пласман во финалето веќе избори Голден стејт кој воедно е и бранител на шампионскиот трофеј.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он