Иако се проценува дека во моментов на интернет постојат околу 14 милијарди сајтови, новото истражување покажува дека навигацијата меѓу кои било две страници не бара повеќе од 19 кликови.
Студијата која сведочи за исклучителната вмреженост на светот е објавена во списанието Philosophical Transastions of the Royal Society, а ја спроведе Алберт Ласло Барабаси од Центарот за сложени истражувања на мрежата во Бостон.
Имено, колку и да „талкате“ во неистражените делови на ЈуТјуб, секогаш сте на помалку од 19 кликови од некоја позната снимка.
Оваа теорија е блиска на т.н. теорија „шест степени одвојување“, врз основа на која е направена и првата интернет друштвена игра под името „шест степени до Кевин Бејкон“.
Гледајќи го филмот „Футлуз“ група студенти од колеџот Олбрајт во Пенсилванија во 1994 година дошле на идеја да си поиграат со овој концепт. Колку чекори/степени се наоѓа одалечен било кој холивудски актер од Кевин Бејкон?
Степенот или алката меѓу глумците овојпат не ја сочинувало меѓусебното познанство, туку улогата во ист филм или реклама. Овие студенти со писмо се обратиле до водителот на емисијата „Дејли Шоу“ Џон Стјуарт, изнесувајќи му ја тезата дека Бејкон е во центарот на универзалната забава.
Гугл дури има и калкулатор кој пресметува колку некој глумец е „далеку“ од Бејкон.