Гувернерот на руската Централна банка Сергеј Игнатиев изјави дека само во минатата година од Русија во странство илегално се одлеале 49 милијарди долари.
Според него мислење, од Русија на овој начин си одат 2,5 отсто од годишниот бруто национален производ на оваа земја. Игнатиев верува дека целата оваа работа ја спроведува една „добро организирана група индивидуалци“.
Рускиот гувернер оценува дека трансферот на пари бил искористен за да се финансира снабдувањето со наркотици, за плаќање на поткуп и за даночно затајување.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков призна дека постои одлив на руски пари, но смета дека износите што ги споменува гувернерот Игнатиев се „премногу зголемени“ и претерани.
Игнатиев, кој во јуни оваа година заминува од својата функција, тврди дека бројките се добиени по направената студија на Централната банка.
Истражувањето покажа дека половината од одлеаните пари се капитални трансфери на руски компании и фирми на сметки на нерезидентни организации, за кои постои сомнеж дека се лажни.