Како гласаше публиката за Тамара: 12 поени само од Србија и Словенија

Од:

Нашата претставничка на Евросонг, Тамара, ја изгуби водечката позиција добиена од поените на стручното жири на земјите учеснички во моментот кога се распоредија и гласовите од телевотингот. Од жири комисииите Тамара доби 237 поени и беше на втората позиција зад Шведска, но од телевотингот доби само 58 гласа поради што падна на осмата позиција. Од листата се гледа дека од телевотингот има поени само од 11 земји, од кои само од Србија и Словенија по 12 поени, од Хрватска 7 и од Албанија 6 поени.

Србија дала за Тамара по 12 поени и од телевотингот и од жири комисијата. 12 поени од стручното жири Македонија доби и од Швајцарија, Албанија, Австрија, Молдавија, Велика Британија. Словенечкото стручно жири на Тамара и даде само 2 поени, а грчкото жири само еден поен.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Намалена видливост поради магла од 80 до 100 метри на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката